Елград Груп

Елград Автоцентар

Елград Multistore

КОИ

СМЕ

НИЕ

Елград е компанија специјализирана за трговија на електроматеријали и кабли, со седиште во Неготино, која 30 години успешно постои на пазарот. Започнавме во 1993 година и за период од неколку години дојде до континуирано зголемување на сите важни показатели, од обемот на работа и годишниот обрт, преку просторните капацитети, до вкупниот број на вработени. Врвниот квалитет и ориентираноста кон купувачите придонесе кон проширување на нашите дејности.

Нашите главни дејности

ЕЛГРАД ГРУП

Главна дејност на Елград Груп е трговија на големо со електроматеријали и кабли. Дистрибутер е на повеќе светски брендови како Schneider Electric, Helukabel, Tesla, Faber kabel, VOP кабли,  Olympia Electronics, Haupa, PCЕ electric, Trevos, Festo, Kouvidis  и  многу др., обезбедувајќи богата понуда на производи.  Од основањето па до денес израснавме во реномиран партнер и добавувач на сите видови електро материјали со низа договорени застапништва и дистрибуција. Можеме да кажеме дека денес сме една од водечките компании во трговијата со електроматеријали  на подрачјето на РМ.

ЕЛГРАД АВТОЦЕНТАР

Автоцентар Елград е овластен дистрибутер на сите Toyota и Fiat возила. Во изложбениот салон од околу 1000m2 може да уживате и да ја испробате удобноста и префинетоста на автомобилите. Исто така Автоцентар Елград е дистрибутер на повеќе светски брендови на гуми: Michelin, BFgoodrich, Tigar, Sava и др, како и на Shell маслата.

ЕЛГРАД MULTISTORE ЦЕНТАР

Малопродажен центар кој нуди поинакво шопинг искуство. Понудата на Елград Multistore се состои од широк спектар на производи: се од електрика за домот, за мајсторски вештини и проекти, осветлување, греење и ладење, за уредување на домот и градината, производи за удобно и квалитетно живеење. Нашите производи се со проверен и докажан квлитет.